Девет преобразби во чудната шума

Издавач: ТЕМПЛУМ

Корица: softcover

Нема на залиха

Краток опис

Поезија за деца и возрасни, придружена со илустрации од јапонскиот уметник Такео Такеи.

„Иако Девет преобразби… можеби првенствено е книга за деца, по читањето и возрасниот читател е зачуден пред светот во кој се наоѓа. Но, добрите книги, како оваа, отвораат работа: она што сте мислеле дека го знаете ќе треба да го тргнете настрана, и одново да тргнете во приспитување на постојното.“ – вели за книгата Николина Андова Шопова.

Песните се поделени во девет сегменти, на околу 130 страници: Небесни и вселенски, Женски и чудесни, Доблесни и теренски, Тонска и тектонска, Неизвесни и интересни, Потсвесни и сценски, Хигиенски и стресни, Пресни и (суво)месни и Лаконски и и(с)конски. Животните се доминантно присутни како ликови – како живеачи, коментатори, имитатори… Тие речиси без исклучок влегуваат во жестоки кофликти едни со други, но не во војна туку во страствен обид да се разберат едни со други, во силен копнеж да се согласат.

--unknown--

-- непознат автор --

Непознат автор...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил