Егото е непријател

Издавач: АНТОЛОГ

ISBN: 9786082434681

Број на страници: 256

Димензии: 13×20

Корица: softcover

Нема на залиха

Краток опис

Многумина од нас инсистираат дека главната пречка за целосен, успешен живот е надворешниот свет. Всушност, нашиот најчест непријател се крие токму во нас: нашето его. На почетокот на кариерите, нѐ попречува во учењето и во градењето талент. Во фазата на успехот, може да нѐ направи слепи за сопствените недостатоци и да создаде проблеми во иднина. Во фазата на неуспехот, го зголемува секој нанесен удар и го отежнува закрепнувањето. Егото нѐ кочи во секоја фаза.

„Егото е непријател“ се повикува на широк дијапазон приказни и примери, од литературата, до философијата и историјата. Запознаваме фасцинантни фигури како Хауард Хјуз, Кетрин Греам, Бил Беличик и Елеонор Рузвелт. Сите тие достигнале највисоко ниво на моќ и успех преку скротување на сопственото его. Нивните стратегии и тактики може да бидат и наши.

Но зошто би се бореле против егото во ера што глорифицира социјални медиуми, реални ТВ-шоуа и други облици на бесрамна себепромоција? Вооружени со лекциите од оваа книга, ќе научите, како што вели Холидеј, „да се посветите помалку на приказната што ја раскажувате за сопствената посебност и, како резултат, ќе бидете слободни да ги постигнете важните цели што си ги имате зададено“.

ryan-holiday

Рајан Холидеј

Рајан Холидеј (1987) е американски маркетинг агент и писател. Автор е на десетина книги, меѓу кои „Егото е непријател“, „Од препрека до успех“, „Верувај ми, лажам“, „Животот на стоиците“, „Спокојствот...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил