Здив Нова наука за една загубена уметност

Издавач: АРС ЛАМИНА

ISBN: 9786082675145

Број на страници: 302

Димензии: 145х205

Корица: softcover

Нема на залиха

Краток опис

Без разлика што јадете, колку вежбате, колку сте слаби, млади или мудри, ништо од тоа не е важно ако не дишете правилно.

Нема ништо посуштинско за нашето здравје и за нашата благосостојба од дишењето: внесување воздух, па испуштање, и така дваесет и пет илјади пати на ден. Сепак, како вид, луѓето во голема мера ја имаат изгубено способноста за правилно дишење – што со себе донесува тешки последици.

Новинарот Џејмс Нестор патува низ светот за да открие што тргнало наопаку со дишењето и бара начини како да го поправи тоа. Одговорите не се наоѓаат во пулмолошките лаборатории, како што би можеле да очекуваме, туку во калливите останки на древни гробишта, тајните советски објекти, хорските училишта во Њу Џерси и на магливите улици на Сао Пауло.

Нестор им влегува во трагата на луѓе кои ја истражуваат скриената наука зад низа древни практики на дишење, како пранајама, сударшан крија и тумо, и се здружува со други пулмонаути како него, за да ги тестира научно долгогодишните верувања во однос на тоа како дишеме.

Потпирајќи се и на медицински текстови стари илјадници години и на неодамнешни врвни студии во пулмологијата, психологијата, биохемијата и човечката физиологија, Здив извршува темелно превреднување на она што сме мислеле дека го знаеме за нашата најосновна биолошка функција.

Веќе никогаш нема да дишете исто.

--unknown--

-- непознат автор --

Непознат автор...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил