Престанете да размислувате прекумерно

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082309453

Година на издавање: 2023

Број на страници: 166

Димензии: 21cm

Корица: softcover

Нема на залиха

Краток опис

Зачекорете по патот кон смиреноста и уживајте во сегашниот момент

Дали сте често растревожени и под стрес? Не можете да заспиете постојано вртејќи ги низ глава настаните од денот и развивајќи безброј сценарија за иднината?

Прекумерното размислување е најголемата причина за несреќа, а и за многу болести. Со него влегувате во еден бескраен циклус на негативни мисли и го преоптоварувате умот со работи што никогаш нема да се случат или да имаат пресудно значење за вашиот живот. Тоа е исцрпувачки процес кој ви предизвикува дополнителен стрес, а не ги решава реалните проблеми.

Ник Трентон ни покажува како да влијаеме врз умот за да стекнеме поголема контрола врз своите мисли, да ги разбиеме негативните мисловни модели и да почнеме позитивно да размислуваме. И конечно, наместо постојано да се жалиме од минатото и да се плашиме од неизвесната иднина – да се фокусираме на сегашноста и да уживаме во секој момент од животот.

Прекумерното размислување не може да ви донесе позитивни резултати. Па тогаш зошто да бидете негов затвореник? Ослободете го умот од затворот што самите си го градите. 

nick-trenton

Ник Трентон

Ник Трентон е современ американски автор и магистер по психологија на однесувањето. Има објавено дваесетина книги освојата област, кои бележат голема популарност и од кои повеќето се бестселери.

...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил