Четири спогодби

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082306940

Година на издавање: 2011

Нема на залиха

Краток опис

Треба да применувате само четири реченици за да го промените темелно својот живот.
Беспрекорно користете го својот збор
Ништо не сфаќајте лично
Не правете претпоставки
Секогаш направете сè што можете

Овие едноставни сентенци, и мудроста која се крие зад нив, ќе ви отворат нови хоризонти, ќе ве наоружаат со храброст и самопочит, ќе ве научат засекогаш да се ослободите од срамот, каењето и (само)презирот.

Ова е книга со каква што човекот од западната цивилизација не се среќава често. Нејзината благост, која потсетува на изворните учења на Исус и на Буда, е облагородена со длабоката мудрост на стариот индијански народ - Толтеци, коишто според легендите, не изумреле. Само ги нашле повисоките сфери на духот. Прочитајте ја, размислете и ќе склучите спогодба сами со себе, на големо задоволство на сопствената душа.

don-miguel-ruiz

Дон Мигел Руис

Дон Мигел Руис е мексикански автор, нагвал, шаман и учител според традицијата на старите Толтеци, еден од стоте духовно највлијателни луѓе на светот. Роден е на 27 август 1952 г., во Гвадалахара, ру...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил