Чиракот на архитектот

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-409-0

Година на издавање: 2016

Димензии: 140/210

На залиха
За само 399  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Заедно со необичниот дар за султанот во отоманската престолнина пристигнува и малиот Џахан кој го има само Чота мудар и редок бел слон. Како скротувач во царската менажерија тој се спријателува со султановата ќерка Михрима и се вљубува во неа. По игра на судбината момчето го запознава главниот царски архитект Синан кој го зема под своја закрила и заедно со слонот ги создаваат највеличествените градби во историјата. Но додека ги градат овие ремек-дела меѓу четворицата чираци на мајсторот се јавува завист а под површината се насетуваат опасни струи...

Бајковит историски роман за уметничката слобода и креативност, за судирот меѓу науката и традицијата. Облеан со боите на Османлиското царство, кога Истанбул е плоден центар на една цивилизација, Чиракот на архитектот е магична приказна во која љубовта и верноста се во постојан судир со желбата за моќ.

„Величествена слика на Истанбул во екот на подемот и моќта, град преполн со магија и интриги.“ Дејли тајмс

„Мајсторски исткаен и раскошен роман, со шекспировски заплети и мистерии, судбини во кои се исполнуваат пророштвата.“Индипендент

elif-shafak

Елиф Шафак

Елиф Шафак е повеќекратно наградувана британско-турска авторка и една од најчитаните писатели во Турција. Пишува на турски и англиски јазик и има објавено седумнаесет книги, од кои единаесет се рома...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил