Црна книга

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-092-4

Година на издавање: 2015

Димензии: .

На залиха
За само 500  ден.  -160  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Добитник на Нобеловата награда за литература

Галип е адвокат кој живее во Истанбул. Неговата жена Руја, љубителка на детективски романи, исчезнува. Дали го оставила за својот поранешен сопруг, или пак за популарниот колумнист Џелал? Но излегува дека и Џелал е исчезнат. Додека Галип истражува, го зема завидниот идентитет на Џелал, ја носи неговата облека, одговара на повиците на неговиот телефон, па дури и ги пишува неговите колумни. Галип трага по секаков можен доказ, но природата на мистеријата постојано се менува, а кога добива смртна закана, тој почнува да се плаши од најлошото.

Со својата лавина од магични приказни за Истанбул, Црна книга е генијална и неконвенционална мистерија, но и провокативна размисла за идентитетот. За читателите на турската литература ова е култен роман во кој Орхан Памук го пронаоѓа својот вистински авторски глас.

orhan-pamuk

Орхан Памук

Орхан Памук (роден на 7 јуни 1952 година во Истанбул, Турција) е еден од најпознатите турски писатели, добитник на Нобелова награда за литература во 2006 година. Памук своето образование го стекнал ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил