Црвеношијка

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2015

Димензии: 140/210

Нема на залиха

Краток опис

944: Во рововите кај Ленинград загинува норвешкиот доброволец Даниел Гудесон. Во една виенска болница еден ранет војник се претставува како Даниел. Тој се вљубува во убавата болничарка Хелена.

1999: Поради неусогласеност на службените информации, Хари Хуле ќе застрела еден припадник на американската тајна служба при посетата на американскиот претседател на Норвешка. За да се забошоти инцидентот, Хуле е префрлен во Полициската служба за безбедност, каде што самоиницијативно се зафаќа со проверка на информации за шверцување на оружје, поврзани со неонацистите. И така, клопчето почнува да се одмотува...

2000: додека снегот почнува да се топи по улиците на Осло, на сцената стапува еден необичен убиец со уште понеобична намера...

Живописните сцени на Несбе ви се одвиваат пред очите како на филмско платно. Дејството е динамично, заплетот е доследен и сложен, а ликовите ќе ве воодушеват. Романот ги обединува во себе двата најдобри филмски жанра – воената сага и трилерот. УСА тудеј

jo-nesbo

Ју Несбе

Ју Несбе (1960) е современ норвешки писател, музичар, економист. Се смета за водечки автор на криминалистички романи и трилери во Европа. Дипломирал економија, работел како берзански брокер и новина...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил