Детето во тебе мора да си го најде својот дом

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307305

Година на издавање: 2020

На залиха
As low as 450  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Секој копнее да биде прифатен и сакан. Во идеална ситуација, во текот на детството ја развиваме неопходната самодоверба, која потоа како возрасни нѐ носи низ животот. Меѓутоа, навредите што сме ги доживеале исто така се втиснуваат во нас и несвесно ги одредуваат сите врски и односи во нашиот живот, спречувајќи нѐ да ги оствариме своите потенцијали.

Внатрешното дете е збир од сето она што во детството оставило силен печат врз нас, преку нашите родители и другите луѓе во нашите животи. Стефани Штал смета дека детето во нас мора повторно да си го најде својот дом. Зашто оној кој нема внатрешен дом, не може да го пронајде ниту во надворешниот свет.

Сеопфатната програма за практична работа со „внатрешното дете“, како и многуте вежби опишани во оваа книга, ќе ни помогнат да се ослободиме од усвоените обрасци кои нѐ доведуваат во конфликт со нас самите и со нашата околина.

Детето во тебе мора да си го најде својот дом е книга која не треба да ја прочитаме само еднаш, туку треба да ни стане секојдневен придружник во животот.

stefanie-stahl

Штефани Штал

Штефани Штал (1963) е германски психолог и автор, позната по неколку успешни бестселери. Растела во либерална средина во Хамбург, а откако се преселила во Трир, од 1993 година започнала да работи ка...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил