Длабоко во ноќта

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2009

Димензии: 140X205

Нема на залиха

Краток опис

Краток извонреден роман за случајните средби во ситните часови во Токио; возбудлив колку и ремек-делата на Мураками Норвешка шума и Спутник љубов.

Во фокусот на овој роман се двете сестри - Ери, манекенка потоната во длабокиот сон на бессознанието, и Мари, младата студентка, која бегајќи од дома, ќе заталка во туѓи животни приказни, сосема поинакви од нејзината - џез тромбонистот што тврди дека се познаваат од порано, крупната раководителка на „љубовен хотел” и нејзините собарки, како и кинеската проститутка, дивјачки претепана од бизнисмен. Длабоко во ноќта е хипнотизирачка драма во која се испреплетуваат времето и просторот, сеќавањето и реалноста. Тоа е свет на соништа, во кој луѓето исчезнуваат во телевизискиот екран, додека нивниот одраз останува во огледалото, и откако ќе ја напуштат просторијата.

„Издигнат над темнината, Мураками ја доловува флуоресцентноста насекаде, но најмногу во аурата околу луѓето, кои сјаат најсилно ноќе и кога се заедно”. Њујорк тајмс „Хипнотизирачки морничав, наместа смешeн, а најмногу од сè, проткаен со неизвесност”. Вашингтон пост

„Мрачно возбудлив”. Паблишерс викли

haruki-murakami

Харуки Мураками

Харуки Мураками, еден од најпознатите современи јапонски и светски писатели, е роден  во 1949 година, во Кјото (Јапонија). Добитник е на повеќе престижни книжевни награди, меѓу кои се и наградата „Ф...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил