Дрско црвен кармин

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2012

Димензии: 125x195

Нема на залиха

Краток опис

Tрепетот пак надоаѓа уште посилно многу жестоко.- Изгледа умно момче си ти - ја подава раката да го помилува па нагло ја повлекува како в оган да ја турнала. - И многу убаво.- И вие сте убава госпоѓа - ја гледа дрско право во зениците. Опасно дрско. Искричаво. - Поубава сте дури и од вашиот автомобил - фрла восхитен поглед кон „бентли“ олдтајмерот. - Никогаш не сум видел таква госпоѓа како вас и таков автомобил - воздивнува - толку стари а млади.Се вцрвува. Не момчакот. Госпоѓата Мерџори ја облева руменило сè до коренот на косата врзана со модра марама. Мерџори е ВЉУБЕНАТА во љубовта. (Дрско црвен кармин)Шехерeзада е СТРАСНАТА семејна готвачка. (Шехерезада од кујната) Имрул е КУТРИОТ ОСАМЕНИК. (Имрул од плажата)Мајките се НЕСФАТЕНИТЕ децата се ЛЕСНОУМНИТЕ. (Мајки и деца)Сликарот е САКАНИОТ кој се „разминува“ со саканата. (Заминувањето на сликарот) И оние што даваат и оние што примаат се БЛАГОДАРНИТЕ за заедничкиот подарок. (Ништо лично) Сопружниците моторџии се ВОСХИТЕНИТЕ од новиот живот. (Дива радост) Четворицата пријатели се ОПИЕНИТЕ од нивната средба. (Казабланка пријателство)

Дрско црвен кармин од авторката на Каменот од Твојот ден (Рациново признание за 2005) и Индиго Бомбај (Роман на годината на „Утрински весник“ за 2008).

jagoda-mihajlovska-georgieva

Јагода Михајловска-Георгиева

Јагода Михајловска-Георгиева (3 март 1953 година) живее во родното Скопје и во Маврово (е-пошта jagoda.mige@gmail.com). Професионалниот век го има поминато како новинар, филмски критичар и есеист во...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил