Еден од нас лаже

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082306988

Година на издавање: 2020

На залиха
За само 450  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Можете ли да го откриете убиецот?

На дополнителна настава како казна затоа што носеле мобилни телефони на часот се повикани петмина ученици: паметната и вредна Бронвин која треба да го продолжи школувањето на Јејл; Ади, типична убавица и совршена девојка на Џејк; Купер, играч на бејзбол со голема спортска кариера на повидик; младиот престапник Нејт кој е на условна казна и Сајмон, одметник и основач на блог во кој ги открива тајните на своите соученици. Но кога од училницата живи ќе излезат само четворица, се отвора кругот на присилни пријателства, тајни и разоткривања – сѐ со цел да се пронајде убиецот на Сајмон.

Наивната приказна се претвора во застрашувачки и напнат трилер. Тркалото на вистината полека се врти – соочување со сопствените стравови, храброст да се признае личната вина и да се открие чуваната тајна под притисокот на созревањето.

Сите кријат нешто од очите на јавноста. Прашање е на што сѐ е подготвен секој од нив за да ја сочува сопствената тајна.

„Неверојатните пресврти и исклучителните ликови придонесуваат за возбудлива авантура која ќе ја проголтате во еден здив.“ – Гардијан

karen-m-mcManus

Карен М. Мекманус

Карен М. Мекманус е современа американска авторка за млади. Најпозната е по својот прв роман Еден од нас лаже (2017), кој се задржа дури 93 недели на листата на бестселери на Њујорк тајмс. Неговото ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил