Гала-Дали

Издавач: АНТОЛОГ

ISBN: 9786082433363

На залиха
As low as 350  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Во центарот на вниманието е една од најинтригантните жени во историјата на уметноста: Гала Дали. Гала доаѓа во Европа од царска Русија, а за неа се шири гласот дека умее да го извлече најдоброто од мажите. А таа отсекогаш паралелно имала многу мажи околу себе – мажи од различно потекло и возраст, кои ги водела насекаде, а најмногу во кревет.

Салвадор Дали имал 25 години кога ја запознал. Таа – 11 години повеќе од него. Била во брак со францускиот поет, надреалистот Пол Елијар. Тоа не било пречка Гала да стане најголемата љубов на Дали. И не само што станала единствената жена во неговиот живот туку и била негова ултимативна инспирација. Како што и самиот изјавил, го спасила од лудило и од прерана смрт. Била единствената што можела да го следи и да го разбере сликарскиот гениј, а истовремено со својата поддршка создала од него еден од најголемите уметници на сите времиња! Дали и Гала се јунаците на една од најпосебните и најдолговечни љубовни приказни во историјата. Оваа книга е за нивната бурна врска.

carmen-domingo

Кармен Доминго

Кармен Доминго (1970) е шпанска писателка. Дипломирала шпански јазик и книжевност на Универзитетот во Барселона. Има напишано неколку романи. Пишува и есеи и драми, кои доживуваат гол...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил