Генералот и неговата армија

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2017

Димензии: 140/210

Нема на залиха

Краток опис

Романот Генералот и неговата армија на познатиот руски писател публицист активист за човекови права Георгиј Владимов е длабока студија не само за големата патриотска војна туку и за цената што била неопходна да се плати за татковината. Една од најважните теми што писателот ги истакнува се моралниот интегритет на личноста и неговото достоинство во најтешките времиња за земјата.

Во центарот на нарацијата се советското освојување на Киев во 1943 година, и битката за Москва во 1941 година. Голем дел од дејството на романот се одвива во близина на Предслав (Киев), каде што 38 армија под команда на генерал Кобрисов се обидува повторно да го освои градот од Германците. Сепак, работите не се одвивале добро, бидејќи Германците биле целосно подготвени и одговориле на нападите. За време на битката за Москва, тој приредува забава за својот пријател, но завршува во град кој е окупиран од Германците, и за малку ќе биде убиен. Два полка тргнуваат да го бараат, но по грешка наоѓаат друг генерал. Овој генерал ги принудува да се борат со него, ги победуваат Германците и го ослободуваат градот...

Во 2005 година романот ја добива наградата Руски Букер, а на почетокот на новиот милениум, во 2001 година, ја добива наградата Букер на деценијата.

georgii-vladimov

Георгиј Владимов

Георгиј Владимов (Георгий Владимов, 1931 – 2003) – руски романсиер, критичар, публицист. Роден е во Харков, во учителско семејство. Правен факултет завршил во Ленинград, а своите први текстови ги об...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил