Големата лага и малите вистини

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307893

Година на издавање: 2021

Димензии: 125/195

Корица: softcover

На залиха
As low as 300  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Самоизолирана од сите, со човек кој не го познавам – со себеси.

 

Човекот е роб на своите најдлабоки мисли и емоции, скриени во телото кое треба да му биде дом на духот, а кое не успева никогаш докрај да го спознае. Затоа честопати си изгледа како да гледа низ прозорец во внатрешноста на куќата. А внатре е празно...

Додека докторката Лаура де Луци се обидува да ја спаси сестра си од неизлечливата болест, во болницата „Салватор мунди“ се случува хаос. Во Рим се шири мистериозна заразна болест. Притиснати од неа, преморени и исплашени, и лекарите и пациентите стануваат свесни дека се, пред сѐ, луѓе кои сакаат да живеат, да бидат сакани и да сакаат – себеси, другите и светот. А љубов е кога стравот да постоиш без некого е поголем од стравот да се соочиш со себеси. Борејќи се со страшниот вирус, всушност, сите се борат со своите внатрешни демони.

Приказна за животот која нѐ тера да се соочиме со себе и своите морални дилеми. Приказна која извира од имагинација, но се однесува на реалноста. И едно писмо во кое се крие вистината...

nona-markovska

Нона Марковска

Нона Марковска (2002) е млада македонска раскажувачка и поетеса. Родена е и живее во Битола, каде што го завршила средното образование во Гимназијата „Јосип Броз Тито“. Веќе пет години е волонтер во...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил