Големиот Гетсби

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082308166

Година на издавање: 2021

Број на страници: 196

Димензии: 21 cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Ни оган ни мраз не можат да го уништат она што се крие во човековото срце.

 

Сместен среде раскошот на површната убавина, во гламурозната стварност стежната од модерни имиња, автомобили и брендови, Џеј Гетсби со сите мрачни тајни на своето минато се обидува да ја оствари својата љубов кон Дејзи Бјукенен. Раскажана од перспектива на нејзиниот братучед Ник Керевеј, оваа приказна е едно од најпознатите дела на Фицџералд, извонреден спој на американскиот сон и моралната декаденција во ерата на џезот.

 

Светот е пред морален колапс. Животот тече во изобилство и разврат, со губење на основните морални вредности. Виден низ очите на нараторот, кој се запознава со духовно сиромашниот аристократски живот во кој најголем антагонист е самото време, и денес ја чувствуваме парадоксалната длабочина на таквото постоење.

 

Класика без која не може да се замисли современата книжевност. Книга неопходна за човековото срце, без која не ќе може да се пробие низ струјата што непрекинато го враќа назад, во минатото.  

f-scott-fitzgerald

Френсис Скот Фицџералд

Френсис Скот Фицџералд (1896 – 1940) е еден од најголемите автори во американската и светската литература на 20 век, припадник на т.н. „изгубена генерација“ чии дела ја одбележале ерата на џезот. Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил