Господарот

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-438-0

Година на издавање: 2016

Димензии: 140/210

На залиха
За само 399  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Трогателна приказна за еден живот растргнат меѓу нереализираната љубов и осамената посветеност на прозата.

Романот Господарот на Колм Тојбин ги опфаќа клучните животни епизоди на еден од најголемите писатели на XX век, Хенри Џејмс, и мајсторски го проектира психолошкиот портрет на авторот на Свртување на завртката и Портрет на една дама. Во јануари 1895 година Хенри Џејмс ја очекува сценската поставка на својата прва драма Гај Домвил во Лондон. Продукцијата пропаѓа и тој, разочаран и понижен, му се враќа на пишувањето. Резултатот е низа книжевни ремек-дела кои остануваат популарни до денес, но се создадени по цена на многу лични жртви. Овој роман, кој во 2004 година Џон Апдајк го поздрави како чудесен спој од биографско истражување и прекрасно нијансиран книжевен стил, го опишува семејното милје на Хенри Џејмс, неговите односи со роднините и пријателите, но и осамената посветеност на прозата, отсликувајќи го неговиот живот меѓу уметниците и аристократијата во Париз, Рим, Венеција и Лондон.

Господарот е прекрасен пример за романизирана биографија и историски роман во кој реалните ликови се преплетуваат со фикцијата. Но ова е и роман кој ни овозможува да ѕирнеме во интимниот живот на писателите и да согледаме како луѓето од својот секојдневен живот полека се трансформираат во книжевни ликови кои ќе останат засекогаш запаметени во книжевната историја.

colm-toibin

Колм Тојбин

Колм Тојбин е роден во 1955 година, во Ирска. Автор е на седум романи. За романот Бруклин во 2009 година (филмуван во 2015) ја добива наградата Коста за роман на годината. Романот Господарот во 2004...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил