Гробиштата

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307930

Година на издавање: 2021

Број на страници: 328

Димензии: 21 см

Корица: softcover

На залиха
As low as 400  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Ако не го правиш тоа што го сакаш, колку и да се фалиш со слободниот дух, не можеш да кажеш дека си слободен.

Адријан Грин е романски хомосексуалец кој одлучува да се пресели во Лондон затоа што е веќе уморен од себедокажувањето, од сиромаштијата, од тоа да биде различен. Со месеци живее кај својот пријател Оли и кога веќе губи надеж дека ќе најде работа, среќата му се насмевнува: станува администратор на блиските гробишта.

Во своите монолози и во разговорите со клиентите и новите пријатели, Адријан со сурова искреност, многу хумор и сарказам ни кажува што точно мисли за вербата и религијата, среќата и парите, музиката и книгите, сексот и љубовта, стравот и смртта. Гробиштата Вормхолт стануваат простор каде што тој постепено сфаќа дека среќата лежи во прифаќањето на сопствената вистина, а не во очите на другите.

Искрен до крајност, доволно дрзок за да ги нарече работите со нивното вистинско име, доволно храбар да ги прифати различните, Адријан прераснува во бунтовник кон стереотипите, во човек кој ни ја враќа вербата во животот.

adrian-teleşpan

Адријан Телешпан

Адријан Телешпан е романски автор кој на европската кни- жевна сцена станува популарен со своето првенче „Гробиштата“. Роден е на 11 ноември 1979 година, во Драгашани, во навидум нормално семејство....

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил