Хитопадеша

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-373-4

Година на издавање: 2015

Димензии: 140/210

Нема на залиха

Краток опис

Хитопадеша односно Благодатен совет дело на Нарајан Пандит напишано најверојатно некаде околу десетти век по многу нешта стои во врвот на најважните санскритски дела на сите времиња. Таа е меѓу првите дела преведени на европските јазици од веројатно најбогатата светска книжевна и философска традиција. Таа е и дел од незаменливата лектира во современиот образовен систем на Индија – дело со кое младите Индијци се запознаваат од најрана возраст. По структура Хитопадеша е мешавина на поезија и проза. Притоа значителен дел од текстот напишан во строфи е преземен од голем број познати класични дела на индиската книжевност како што се Махабхарата Чанакја-нити-дарпанам Пањчатантра итн. додека прозните делови се басни. Така Хитопадеша е збирка на басни чии наравоученија се дадени во стих.

Она што ја прави Хитопадеша толку важна е фактот што таа е своевидна антологија на староиндиската етика. Имено, наводите од гореспоменатите класични дела се избирани по етички терк и многу вешто извезени низ басните. Во таа смисла, таа е несомнено делото кое – покрај Бхагавад-гита, но од едно друго стојалиште – најдобро го одразува староиндискиот дух. Оттука нејзиното издавање на македонски јазик е императив, доколку нашата култура сака да продолжи да се запознава со најдоброто од другите култури.

 

narayan-pandit

Нарајан Пандит

Obsecro te, mea vita scribere......

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил