Хомо деус

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-667-4

Година на издавање: 2019

Број на страници: 450

Димензии: 140/210

Корица: softcover

На залиха
As low as 399  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Јувал Ноа Харари, автор на светскиот феномен Сапиенс: кратка историја на човечкиот род, продолжува со истражување на проблематиката на целокупното човеково искуство со уште една неверојатно оригинална книга – Хомо деус: кратка историја на иднината.

Со својот единствен стил што воодушеви милиони читатели низ светот, Харари укажува дека луѓето успеале да го направат она што се чини невозможно: да ги победат гладот, заразните болести и војните, да ги претворат од неразумни и неконтролирани сили на природата во предизвици кои може да се управуваат. За првпат во човековата историја денес повеќе луѓе умираат од премногу храна отколку од глад; повеќе луѓе умираат поради старост, а не од заразни болести; повеќе луѓе се самоубиваат отколку што гинат од воени акции, тероризам или криминал заедно.

Кои ќе бидат идните проблеми на човештвото? Каква судбина им е наменета на луѓето, како самопрогласени богови на планетата Земја, кои чекори ќе ги преземеме за да ја оствариме? Хомо деус ги истражува проектите, соништата и кошмарите кои ќе го обликуваат дваесет и првиот век – од заобиколување на смртта до создавање вештачки живот. Пред нас се основните прашања на кои мораме да дадеме одговори: во кој правец ќе се движиме понатаму? И како ќе го заштитиме овој кревок свет од сопствената деструктивна моќ? Пред нас е следната фаза во еволуцијата: хомо деус!

yuval-noah-harari

Јувал Ноа Харари

Јувал Ноа Харари (1976) е израелски историчар и писател пораснат во секуларно еврејско семејство во Хаифа, Израел. Студирал средновековна и воена историја на Еврејскиот универзитет во Ерусалим, а до...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил