Илон Маск

Издавач: АНТОЛОГ

ISBN: 9786082434100

На залиха
As low as 600  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

За едни гениј на векот, за други луд научник, Илон Маск несомнено успева да го привлече вниманието не само во технолошката индустрија туку генерално на целиот свет. Со докажана натпросечна интелигенција, човекот што стои зад „Тесла“ и „Спејс екс“ во исто време го величаат и го осудуваат за неговиот опсесивен, често нетолерантен перфекционизам.

Илон Мaск е амалгам на легендарните пронаоѓачи и индустријалци: Томас Едисон, Хенри Форд, Хауард Хјус и Стив Џобс. Но, повеќе од кој било друг, Маск ги посвети сета своја енергија и огромно богатство да измисли иднина што е исто толку богата и далекосежна како и онаа на визионерите од златната доба на научната фантастика.

 

Оваа исклучителна биографија напишана од Ешли Венс мошне објективно успева да го долови човекот што многу често е споредуван со фамозниот Тони Старк, не дозволувајќи самиот Маск да се меша во содржината. Опфаќајќи ги неговите детски години, па сè до електричниот автомобил и ракетите, Венс проникнува во умот на најинтригантната фигура во Силициумската Долина, откривајќи детали не само за функционирањето на неговите компании туку и за неговиот личен живот.

Духовитиот стил, живописното раскажување и интервјуата лично со Маск и со луѓето што биле со него во неговите најважни моменти се она што прави оваа книга да биде прочитана во еден здив.

eshli-vens

Eшли Венс

Ешли Венс е американски бизнис колумнист и автор, роден во 1977 г. во Јужна Африка. Пишувал за Њујорк тајмс, Економист, Реџистер, Блумберг бизнисвик, а исто така е и водител на ТВ и интернет шоуто „...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил