Интерперсонални комуникациски вештини

Multiple Authors

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-4569-39-8

Година на издавање: 2016

Димензии: 140/210

На залиха
As low as 350  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Со добра комуникација можеме да постигнеме сè. Комуникацијата е размена на пораки меѓу луѓето. Тоа е процес во кој праќаме примаме и ги модификуваме пораките. Во секојдневниот живот под комуникација многу често се мисли на разговор. Но разговорот е само еден аспект од комуникацијата зашто таа се остварува на многу нивоа и на многу начини.

Комуникацијата, едноставно, не може да се избегне. Дури и кога не зборуваат, луѓето комуницираат – со погледи, со гестови, со положбата на своето тело... Ние сме тие што можеме да го менуваме текот на комуникацијата според својата слободна волја, но и според несвесната мотивација – својата или на соговорникот. А најдоброто во тоа е што комуникацијата е вештина што може да се научи!

Оваа книга е вистински практичен водич кој ќе ви ги покаже сите аспекти на комуникацијата и начините за нивно усвојување. Со нивна помош ќе остварите квалитетни односи со луѓето со кои доаѓате во контакт – во семејството, на работното место, во непосредната и пошироката околина... Научете добро да комуницирате и бидете господар на секоја ситуација!

Author Not Found

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил