Историските корени на волшебната приказна

Издавач: Македоника Литера

Година на издавање: 2011

Број на страници: 462

Димензии: 200х140

Корица: softcover

На залиха
As low as 400  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Од морфолошкиот опис на сказните во Морфологија на сказната, во оваа книга Проп преминува кон објаснување на историските причини за нивната појава, кои треба да се побараат во раната историја или праисторијата, на стадиумот на развиток на човековото општество којшто го проучуваат етнографијата, етнологијата, антропологијата и други дисциплини. Во Историските корени на волшебната приказна, со помош на богата фолклорно-етнографска граѓа, Проп ја доведува сказната како жанр во најтесна врска со култот и религијата (со обредот и митот), вршејќи исклучително впечатливи ритуално-митолошки и социоантрополошки реконструкции на сказничните мотиви. Книгата изобилува со впечатливи студии на одделни приказнични мотиви, кои Проп ги смета за општествено обусловени и историски засновани, дури и антрополошки документирани.

vladimir-propp

Владимир Проп

Владимир Јаковлевич Проп (1895-1970) е истакнат руски фолклорист и структуралист. Студирал на Историско-филолошкиот факултет во Петроград, а по завршувањето на студиите работел како наставник по герман...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил