Избрани песни

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307862

Година на издавање: 2021

Број на страници: 264

Димензии: 21 см

Корица: softcover

На залиха
As low as 280  ден. Regular Price 350  ден.  -70  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Стиховите се мојата врска со времето, со новиот живот на мојот народ

Ана Ахматова, наречена кралица на руската поезија, пленува со своето мајсторство, префинетиот лиризам, лексичкото изобилство и чудесните поетски форми. Позната како претставник на акмеизмот, таа со својата драматично напната, психолошки длабока, а навидум крајно лаконска поезија, ги надминува неговите програмски насоки. Голем талент, со остар и јасен ум, Ахматова стоички ги издржува сите искушенија прераснувајќи во сведок на едно време кое можело да се преживее единствено со љубов – кон блиските, кон животот и зборот, кон татковината.

„Јас никогаш не престанав да пишувам“, вели Ахматова. „Така живеев со ритмите што звучеа во херојската историја на мојата земја. Среќна сум што живеев во тие години и што видов неспоредливи настани.“

Од нејзиното богато творештво издвоивме песни создавани од 1909 до 1969 година. Зад секој нејзин стих стои вистината на времето, сопственото и историското. Па дури и ова што денес го живееме. Мало но значајно енциклопедиско издание за секој вљубеник во убавиот збор.

ana-ahmatova

Ана Ахматова

Ана Ахматова (Ана Андреевна Горенко Ахматова) е родена на 23 јуни 1889 година, во Одеса. Била ќерка на поморски инженер. До својата шеснаесетта година живее во Павловско и Царско Село во близина на ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил