Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-4569-27-5

Година на издавање: 2015

Број на страници: 214

Димензии: 140/210

Корица: мека

На залиха
За само 299  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

МОЌЕН И ДОКАЖАН ВОДИЧ ШТО ПОТТИКНА ИЛЈАДНИЦИ СЛАВНИ ЛУЃЕ ДА СТИГНАТ ДО ВРВОТ НА УСПЕХОТ ВО БИЗНИСОТ И ВО ЛИЧНИОТ ЖИВОТ

Книгата Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето е еднакво релевантна и корисна денес како и во времето кога била објавена, пред речиси 80 години. Тоа се должи на неверојатната умешност на Дејл Карнеги да проникне длабоко во човековата природа и да ги открие принципите врз чија основа секој човек можел да се развие и максимално да го искористи својот потенцијал. Според Карнеги, финансискиот успех не зависи толку од знаењето што го поседуваме колку од способноста да ги изразиме своите идеи, да преземеме лидерска улога и да го поттикнеме ентузијазмот кај луѓето.  

Продадена во десетици милиони примероци низ светот, оваа книга содржи многу корисни совети за тоа како брзо и лесно да се здобиете со пријателството и наклоноста на луѓето, како да го зголемите своето влијание во работната средина, како да станете поефикасни, да ги поттикнувате моралот и ентузијазмот кај соработниците, а да ги избегнете недоразбирањата и расправиите во деловниот и семејниот живот.

 

dale-carnegie

Дејл Карнеги

Дејл Карнеги, спелувано Карнагеј сѐ до 1922 - бил американски писател и лектор и развил курс за самоусовршување, трговски вештини, корпоративна обука, јавно говорење и меѓучовечки способности....

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил