Како да станеш Фриленс Артист

Издавач: КСЦ

ISBN: 9786084850724

Година на издавање: 2021

Број на страници: 227

Димензии: 21 cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 450  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Дали ја имате пронајдено својата страст – работата што повеќе ја доживувате како уживање отколку како работа? Дали сте артист што се обидува да го заземе своето место под фриленсерското небо? Дали би сакале да го надополните вашиот живот со повеќе креативност и авантура? Дали сте подготвени за книга што е водич за личен развој, а истовремено комбинира и теми од областа на уметноста, психологијата и филозофијата, со цел да ви служи дополнително како гориво за развој и на вашата кариера? Ова е книгата што ќе биде вашиот водич на патот кон успехот.

Напишана e од режисерот Кристиан Шемко, кој уморен од скитничкиот живот и од безделничењето низ светот, пред повеќе години од Австралија се досели во Македонија и реши тука да ја започне својата кариера како филмејкер, но и одново да се пронајде себеси и својот живот да го живее со поголема страст.

„Како да станеш фриленс артист“ е книга наменета за сите артисти и креатори што секојдневно созреваат, творат, иновираат и го движат општеството напред. Ова е книга за сите оние што ќе решат да одат по фриленсерскиот пат – кои го одржуваат умот отворен, изнаоѓаат волја за креирање нови нешта и ја потхрануваат желбата за постојано надградување.

--unknown--

-- непознат автор --

Непознат автор...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил