Капе времето

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 9786084892588

Година на издавање: 2021

Број на страници: 80

Димензии: 20 см

Корица: softcover

На залиха
As low as 200  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Книгата „Капе времето“ доследно го потврдува исклучителното поетско пеење и мислење на Виолета Танчева-Златева, уште еднаш на увид доставувајќи ја сопствената лирска вистина која прозборува со полн и јасен глас, со сликовит и згуснат јазик. Песните упатуваат на стварноста, посeбно оние со посвета, во кои се апострофира суштината и длабочината како автентичен и личен однос со трајна и универзална вредност.

Славе Ѓорѓо Димоски

Станува збор за точна поезија во една филозофска смисла на зборот: таа како да е пишувана според филозофиите кои се занимаваат со феноменот на свеста наречен „време“, а сепак доаѓа до тие филозофеми сосема сама, од личен опит, што ја вбројува во таканаречените невини поетски перцепции, оние кои не доаѓаат од книги, туку од животното искуство... За неа токму синхроницитетот на минатото, сегашното и иднината е она што води кон ништото, кон небитието...

Венко Андоновски

violeta-tancheva-zlateva

Виолета Танчева–Златева

Виолета Танчева-Златева е поетеса, раскажувач, есеист, лектор. Родена е на 25 април 1968 г., во с. Бориево, Струмица. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Југословенска книжевно...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил