Картата на жалењето

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307718

Година на издавање: 2021

Број на страници: 128

Димензии: 125/195

Корица: softcover

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Тоа што не го знаеме не може да нè повреди.

Самоубиство, убиство или случајна смрт? Околностите за смртта на Вероника Вербриген би зазеле само неколку реда во печатот доколку таа не е позната личност, сопственичка на издавачка куќа и истражувач на помалку познати уметници. По неа тагуваат двајца мажи – сопругот Даниел и Титус – нејзиниот љубовник кој докрај чека таа да ја донесе конечната одлука да живее со него.

А тука е и Мина, 21-годишната ќерка на Вероника, која се соочува со многу навестувања што не го наоѓаат своето место во сложувалката. Која била мајка ѝ навистина, што криела од неа и од светот? За да не го повреди Даниел барајќи објаснувања од него, Мина му се јавува на Титус. Со негова помош малку по малку проникнува во комплексната личност на Вероника, која била раскинувана од своите спротивставени чувства.

Сите тројца се соочуваат со сомнежи што не се вклопуваат во нивната слика за саканата жена и мајка. Факт што ги тера и самите да се преиспитуваат: што знаеме за животот на луѓето околу нас? Колкав дел од себе ни покажуваат и што кријат? Зашто некогаш нештата поради кои страдаме прикриваат некое друго, поголемо и понеподносливо страдање.

nathalie-skowronek

Натали Сковронек

Натали Сковронек е родена во Брисел, во 1973 година. Дипломирала книжевност и некое време работела во издавачката дејност пред да премине во светот на женската мода, каде што работела седум години. Во...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил