Кога Ниче плачеше

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2008

Димензии: 140X205

Нема на залиха

Краток опис

Од авторот на бестселерот Џелат на љубовта доаѓа неодолива мешавина од факти и фикција драма за љубовта судбината и волјата што се одигрува во интелектуалното превирање на Виена во деветнаесеттиот век пред самото раѓање на психоанализата. Фридрих Ниче најголемиот европски филозоф... Јозеф Бројер еден од татковците на психоанализата... таен договор... младиот стажист Сигмунд Фројд: тоа се елементите кои заедно ја сочинуваат незаборавната сага за фиктивниот однос меѓу необичниот пациент и надарениот исцелител. Овој импресивен роман започнува така што неодоливата Лу Саломе го моли Бројер да го лекува самоубиствениот очај на Ниче со својата експериментална „терапија со разговор“. Кога еминентниот лекар колебајќи се ќе ја прифати задачата ќе дојде до значајно откритие само ако се соочи со сопствените внатрешни демони ќе биде во состојба да му помага на својот пациент. Во овој роман што го апсорбира сето наше внимание двајца брилијантни и загадочни луѓе проникнуваат во длабочините на сопствените романтични опсесии и ја откриваат спасувачката моќ на пријателството.

„Не се испушта од раце, како детективска приказна... романот на Јалом предизвикува ликовите што го смениле текот на интелектуалната историја на Западот да оживеат во својот сопствен свет... Извонредно достигање.“ Дајана Вуд Мидлбрук, автор на Ен Секстон

„Задоволство за читање, како поради интригантните дискусии за филозофијата и психотерапијата што се појавува така и поради впечатливото оживување на необичните личности на Ниче и Бројер.“ Сан Франциско кроникл

„Не се испушта од раце. Возбудлива, одлично напишана приказна, им нуди на читателите, што сакаат романи за идеите, уживање какво што одамна немале.“ Колин Волтерс, Вашингтон тајмс

irvin-d-yalom

Ирвин Јалом

Ирвин Д. Јалом е американски психијатар, теоретичар и практичар, професор и романсиер. Роден е во 1931 година, во Вашингтон. Неговите родители емигрирале од Русија во 20-тите години. Пораснал во сир...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил