Кога никој не гледа

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082308531

Број на страници: 310

Димензии: 21cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 500  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Ако сакаш да го задржиш тоа што е твое, мора подобро да го чуваш. Некој секогаш демне да ти го грабне она што си го добила.

Сидни Грин е родена и порасната во Бруклин, но нејзиниот крај одеднаш брзо почнува да се менува. Речиси прекуноќ никнуваат згради со луксузни станови, насекаде има огласи за продажба на куќите, а соседите што ги познава цел живот ненадејно исчезнуваат. Раскинувана од болка поради пропаднатиот брак и загубата на мајка си, таа решава да организира туристичка обиколка на Бруклин, во чија подготовка ѝ се придружува новиот сосед, белецот Тео.

Но нивното заедничко истражување на историјата на црните населби се претвора во виор од параноја и страв. Можеби има вистина во приказните за киднапирање и насилно одземање на домовите? Можеби нивните соседи воопшто не се преселиле во предградијата? Иако сакаат да ги отфрлат теориите на заговор, наскоро откриваат дека зад плановите за ревитализација се кријат сосема поинакви мотиви.

Можат ли Сидни и Тео доволно да си веруваат себеси, и еден на друг, за да дознаат што се случува – пред и самите да исчезнат во морничавите планови на една корпорација гладна за профит?

alyssa-cole

Алиса Кол

Алиса Кол (12.8.1982) е наградувана американска авторка на историски, современи, научнофантастични и љубовни романи. Многу од нејзините книги добија позитивни осврти и признанија од критичарите во спис...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил