Кралството

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082308111

Година на издавање: 2021

Димензии: 140/210

Корица: softcover

На залиха
As low as 450  ден. Regular Price 600  ден.  -150  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Кога сѐ ќе изгубиш, веќе немаш од што да се плашиш.

 

Во едно мало норвешко село автомеханичарот Рој Опгард води осаменички живот сè додека не се случи она што никој не го очекува – враќањето на неговиот помлад брат. Карл доаѓа богат, со диплома во џебот, со мистериозната сопруга Шенон и со голем план за осиромашеното родно место – бизнис што сите го прифаќаат како можност за спас. И токму кога се чини дека минатото е заборавено, почнуваат да испливуваат мрачните тајни од нивното детство. Сѐ уште не се заборавени мистериозните несреќи во кои загинуваат нивните родители и селскиот полицаец, а сега нивниот број се зголемува...

Додека напнатоста расте и обрачот околу нив се стега, Рој се преиспитува до каде може да оди за да го заштити својот алчен брат. Дали по секоја цена да му остане верен на семејството или да им се препушти на страсните чувства кон Шенон?

„Кралството“ е моќен роман за мрачните семејни тајни каков што може да напише само врвниот криминалистички автор на норвешката и светската литература, Ју Несбе.

 

„Целата книжевна моќ на најпознатиот скандинавски писател на црниот роман е концентрирана во мрачната, насилна приказна за двајца браќа. Несбе со епски замав ја разурнува илузијата за едно семејство и за една мала, среќна планинска заедница.“

Киркус ривјус

jo-nesbo

Ју Несбе

Ју Несбе (1960) е современ норвешки писател, музичар, економист. Се смета за водечки автор на криминалистички романи и трилери во Европа. Дипломирал економија, работел како берзански брокер и новина...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил