Лили сама

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-6773

Година на издавање: 2019

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Самобендисаната мајка на Лили заминува на одмор во Шпанија со новото момче и ги остава сами Лили и нејзините сестри и братче. Одговорната Лили ја презема одговорноста да го храни и забавува семејството, а воедно и да ја скрие тајната од соседите, училиштето и социјалните служби. Очајно барајќи решение, Лили одлучува да ги однесе децата на кампување во паркот на неколку дена. Ама, една несреќа поради која ќе мораат да побараат лекарска помош ќе ги разоткрие сите нејзини планови и ќе доведе до вмешување на полицијата и службите за посвојување. Приказната открива колку брзо Лили треба да порасне. Таа е способна да се грижи за семејството, да ги плаќа сметките, но се поставува прашањето: дали е подготвена да биде родител и да ја преземе огромната одговорност?

„Лили сама“ е реална, внимателно смислена, урбана авантура што непоколебливо ги разгледува прашањата за личната одговорност и општествената правда без да ги загрози возбудливиот тек на приказната и нејзините ликови.

Проткаена со насилство од очувите и крај кој навестува несигурна иднина за нашата хероиња и нејзиното семејство, приказната дефинитивно нема да ве остави рамнодушни и ќе ве натера на размислување.

jacqueline-wilson

Џеклин Вилсон

Џеклин Вилсон е современа англиска романсиерка, авторка на голем број бестеселери за деца кои се преведени на над 30 јазици и се продадени во над 40 милиони примероци само во Велика Британија. За вр...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил