Лов на тигар

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-412-0

Година на издавање: 2016

Димензии: 140/210

На залиха
As low as 299  ден. Regular Price 450  ден.  -151  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Потерата продолжува – дали Алекс Крос е ловец или плен?

Тој е повикан на најлошото место на злосторство во сите негови години на полициска работа. Некој кој нема никаква почит кон човечкиот живот испотепал цело семејство – а по овие убиства следуваат нови, сè понемилосрдни.

Алекс и неговата девојка, детективката Бријана Стоун, се нурнуваат во случајот и се заплеткуваат во смртоносното африканско подземје на Вашингтон. Откриваат нешто толку вџасувачко што одвај може да се сфати: вешто организирана банда на деца-криминалци предводени од еден суров заповедник познат како Тигар. Кога недофатливата трага на убиецот ќе се појави во Африка, Алекс знае дека мора да тргне по него. Сам.

Стигнувајќи во Нигерија, тој открива свет во кој правдата е непознат поим. Ќе успее ли, незаштитен и сам во туѓа земја, опсипан со убиствените закани на Тигар, да преживее и да го фати убиецот?

Лов на Тигар, нов бестселер на Џејмс Патерсон полн со брзи пресврти и адреналин – трилер од кој застанува здивот.

 

james-patterson

Џејмс Патерсон

Џејмс Патерсон (1947) создал потрајни литературни ликови отколку кој и да е друг жив писател. Автор е на романите за Алекс Крос, кои претставуваат најпопуларен детективски серијал во последните двае...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил