Луѓе без минато

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 9786084569879

Година на издавање: 2018

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Луѓе без минато е роман за универзалната апсурдност на историските епизоди во кои е вклештен малиот, обичен човек. Зад лажната слика на редот се крие поинаква суштина. Таа отвора низа прашања за трагичната судбина на беспомошните единки затечени во настаните што водат во ќор-сокак.

Во безизлезот на пеколот, Роберт Новак и неговата генерација се втурнати во бесмислена војна од чиј хаос во сеќавањето им остануваат болни слики и судбински средби. Во мракот на немоќта и верноста кон идеолошките вредности, кога се распаѓа нивната држава, слепи се за границите на вистината со која немаат храброст да се соочат. Но сепак, на крајот од тунелот проблеснува светла точка која ја буди надежта за подобро утре. 

Луѓе без минато е роман за човечките врски, за фаталните јазли на идеологијата во кои е заробен личниот живот, за ужасните лаги и предавства што го пресоздаваат злото. А единствениот противотров за него е едноставната и чиста човечка суштина.

ivica-chelikovikj

Ивица Челиковиќ

Ивица Челиковиќ e роден во 1962 година во Скопје, каде завршил Интердисциплинарни студии по новинарство. Студирал на Институтот за новинарство и масовни комуникации во Гетеборг во Шведска, каде што жив...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил