Мала веројатност

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 9786084892212

Година на издавање: 2020

На залиха
As low as 175  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Малата Кики со тешко срце се збогува со својот татко лекар, кој заминува во уште една војна во некоја далечна земја. Тој се обидува да ја смири потсетувајќи ја на приказната за исплашениот човек. Несреќи би можеле да се случат секогаш и секому, ѝ вели. Глупаво е да се плашиш и да се затвораш дома.

Но Кика никако не успева да се ослободи од стравот. Заталкани куршуми, бомби, болести, автомобилот може да падне во некоја бездна... реди таа, иако мајка ѝ се обидува да ѝ објасни дека е мала веројатноста да се случи такво нешто. А кога по неколкудневно нејавување телефонот ќе заѕвони и ќе им кажат дека тој исчезнал, Кика ќе направи сѐ што е во нејзина моќ да ги намали шансите да остане без татко. Оди дури дотаму што смета дека жртвувањето на нејзиното милениче ќе ја зголеми веројатноста татко ѝ да биде пронајден жив. Зашто таа не познава никого кој има и мртво милениче и мртов татко.

Малку тажен а истовремено духовит, Мала веројатност е необичен роман за растењето и за приврзаноста, љубовта и надежта.

marjolijn-hof

Марјолајн Хоф

Марјолајн Хоф е родена во Амстердам, во 1956 година. Наскоро нејзиното семејство се преселило во Хаг. Израснала опкружена со уметност, бидејќи татко ѝ освен психолог бил и уметник и колекционер на умет...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил