Маус

Издавач: ТЕМПЛУМ

ISBN: 20958

Година на издавање: 2018

На залиха
As low as 700  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Маус постојано се движи меѓу минатото и сегашноста, како на пример кога илустраторот од Менхетен, Арти, го посетува својот татко Владек во Квинс, и го тера да му раскажува како тој и неговата жена Ања преживеале во логорите на смртта. (Ања Спигелман се самоуби во 1968 година.) Ваквиот начин на кадрирање овозможува Спигелман непоколебливо и често со хумор да ја истражува сопствената оптоварена комуникација со својот татко, кого животните тешкотии го претвориле во здодевен, невротичен, стар дрдорко, кому постојано нешто му пречи. Вака резултатот е нераскинливо поврзан со искрено прикажаниот процес на соочување со ужасите од минатото и со континуираната траума на сегашноста. Бидејќи Арт Спигелман ги конструира обете приказни, како последица, тој станува очевидец на секојдневните понижувања и чудовишните кошмари на Евреите во време на Третиот Рајх - извонреден имагинативен скок.

art-spiegelman

Арт Спигелман

Aрт Спигелман (роден 1948 г. во Стокхолм) е американски карикатурист, уредник и стрип автор, најпознат по своите графички романи „Маус“. Работел како ко-уредник на влијателните стрип списанија „Arcade“...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил