Митови

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082304694

На залиха
За само 180  ден. Регуларна цена 350  ден.  -170  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Делото „Митови“ на Хигин е единствениот зачуван антички прирачник за митологија напишан на латински јазик. Се состои од Предговор, кој претставува куса генеалогија на боговите, и од 247 самостојни текстови, во кои се третираат ликови и теми од хеленската и римската митологија. Сите текстови се насловени според ликот или темата што се обработува во нив: Темисто, Кадмо, Ниоба, Медеја, Подвизите ма Тесеј, Минос, Аријадна,Ојдип, Тројански коњ, Девкалион и Пира, Кралот Мида, Богови родени од смртници итн.

Митовите на Хигин имаат непроценлива вредност, бидејќи при составувањето на приказните за боговите и хероите од богатата античка митологија авторот користел многу списи кои не се зачувани.

Благодарение на оваа негова практика, денес имаме увид во митовите што биле содржани во овие списи. Одраз на непроценливата документарна вредност на делото е тоа што во сомвремените лексикона на хеленската и римската митологија речиси и не постои одредница во која токму Хиги не е наведен како еден од клучните, а неретко, и како единствен извор за митолошкиот лик што е предмет на обработка.

--unknown--

-- непознат автор --

Непознат автор...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил