Моќта на јавното говорење

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 9786084892557

Година на издавање: 2021

Број на страници: 182

Димензии: 125/195

Корица: мека

На залиха
За само 360  ден. Регуларна цена 400  ден.  -40  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Почетната точка за моќен говор е публиката. Запомнете, не се работи за вас, се работи за нив.

Способноста убедливо да зборувате пред публика е клучна за вашиот успех. Ќе ви донесе почит од другите, ќе ве направи повредни за компанијата и ќе го привлече вниманието на луѓето кои можат да ви помогнат и да ви ги отворат вратите. Притоа, јавното говорење е вештина што може да се научи, а најпознатиот светски говорник Брајан Трејси е идеалниот инструктор.

Знак за вистински професионалец во секое поле е подготвеноста. Колку потемелно ќе се подготвите толку подобри резултати ќе постигнете. Кога ќе научите како да одржувате одлични говори и пред мала група и пред голема публика, ќе станете еден од највлијателните и најубедливи поединци во својата област.

Моќта на јавното говорење ве учи како:

• Да ги зголемите самодовербата и самопочитта

• Да постигнете силна умствена контрола

• Да го освоите и да го задржите вниманието на слушателите

• Да ја импресионирате публиката

• Да стекнете гласовна вештина и моќни техники на врвен говорник • Да научите стратегии со кои ќе ги придобиете слушателите...

Начинот на кој зборувате е важен колку и самиот говор. За да ги остварите најмоќните презентации во животот, следете ги советите на еден од најдобрите светски говорници – Брајан Трејси.

brian-tracy

Брајан Трејси

Брајан Трејси е претседавач и извршен директор на Брајан Трејси интернешенал, компанија која е специјализирана за обука и развој на поединци и организации. Мисијата на Брајан Трејси е да ви помогне ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил