Моќта на навиките

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 978-608-4569-71-8

Година на издавање: 2018

Број на страници: 312

Димензии: 140/210

Корица: мека

На залиха
За само 350  ден. Регуларна цена 450  ден.  -100  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Никогаш не е доцна да се смениме кон подобро. Тоа можеме да го постигнеме со менување на лошите и со зацврстување на корисните навики. Добитникот на Пулицерова награда новинарот на Њујорк тајмс Чарлс Дјухиг нè води по тој пат на трансформација нудејќи ни едно ново поимање на човековата природа и нејзиниот потенцијал за развој.

Авторот ни ги открива начинот на кој функционираат навиките и механизмите со кои можеме да ги промениме. Низ конкретни примери од животот на олимпиецот Мајкл Фелпс, директорот на Старбакс Хаурд Шулц, борецот за човекови права Мартин Лутер Кинг Помладиот и десетина други познати и помалку познати личности, Дјухиг објаснува како со примена на новите научни сознанија за навиките можеме да предизвикаме позитивни промени не само во нашите животи, туку и во нашата работна средина и во целото општество.

Моќта на навиките изобилува со објаснувања на многу важни прашања:
- што претставуваат навиките и како работи мозокот
- какви навики имаат успешните луѓе и компании
- кое е Златното правило за промена на навиките...

Ако верувате дека можете да се промените – тогаш промената станува реална. Во тоа лежи моќта на навиките: во сфаќањето дека нашите навики се она што ние ќе избереме да ни биде навика. А кога таа еднаш ќе се автоматизира, неумоливо нè носи кон успех.

charles-duhigg

Чарлс Дјухиг

Чарлс Дјухинг е американски новинар-истражувач и писател. Роден во 1974 година, во Ново Мексико, САД. Дипломирал историја на Универзитетот Јејл, а магистрирал на Школата за бизнис на Харвард. Најпрв...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил