Моби Дик или китот

Издавач: КСЦ

ISBN: 9786084850120

На залиха
За само 600  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Оваа приказна е навидум едноставна: Ахав, капетан на американскиот китоловен брод Пиквод, тргнува да му се одмазди на големиот бел кит, наречен Моби Дик, кој му ја одгризал ногата, но во тој манијачен лов на китот загинуваат и капетанот и целата негова посада, освен еден, Исмаил, сведокот што во прво лице ни ги раскажува собитијата. Сепак, Моби Дик не е реалистичен роман за егзотични морски авантури. Во него се испреплетуваат природонаучни факти и народни верувања, детална дескрипција на природните феномени и симболички претстави. Се редат најизменично филозофски медитации и драмска напнатост, трагичниот набој расте покрај богати дози хумор, нарацијата ја одменуваат монолози, сценски дијалози и дидаскалии, а нив пак, подробни описи на анатомијата на китот, есеистички забелешки, библиски егзегези и поетски проблесоци. Секој елемент станува симбол: бродот Пикворд, во чија посада има претставници од различни раси и култури, е синегдоха за светот, китоловството се чита како голема метафора на човековата гносеолошка потрага, а двата видови голем кит, се претвораат во персонификации на двете класични филозофски школи – стоицизмот и платонизмот.

herman-melville

Херман Мелвил

Херман Мелвил (1 август 1819 – 28 септември 1891) бил американски романописец, писател на раскази, есеист и поет. Тој е најдобро познат по својот роман "Моби Дик" и постхумната новела "Били Бад". Негов...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил