На крајот од денот

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-433-5

Година на издавање: 2016

Димензии: 140/210

На залиха
As low as 380  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

ДОБИТНИК НА БУКЕРОВАТА НАГРАДА

По три децении служба во Дарлингтон хол, батлерот Стивенс тргнува на заслужено патување низ земјата, и наедно во службена посета на својата некогашна колешка, г-ца Кентон. Во текот на патувањето размислува за својата дотогашна кариера, за да си потврди дека преку службата на еден „голем џентлмен“ му служел на човештвото. А спроти средбата со госпоѓица Кентон, го преиспитува нивниот однос во кој се насетувало нешто повеќе од колегијалност... Но во неговите спомени демнат сомнежи за вистинската природа на „големиот“ лорд Дарлингтон кому му служел, и уште поголеми сомнежи во сопствените избори и пропуштени можности.

На крајот од денот е маестрален психолошки портрет на еден совршен англиски батлер од златната доба која бледнее на прагот на повоена Англија. Напишан на префинет стил од перото на Казуо Ишигуро, ова е трогателен и моќен роман за вистинските вредности и за суштината на човековата среќа.

kazuo-ishiguro

Казуо Ишигуро

Во современата литература особено интересен феномен е гласот на писателите со вкрстена културна заднина, каков што е Казуо Ишигуро –британски писател и сценарист со јапонски корени. Роден е на 8 ное...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил