На раб на лудило

Издавач: САКАМ КНИГИ

ISBN: 9786084672906

Година на издавање: 2018

На залиха
За само 400  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Ако не можеш да си веруваш себеси, кому можеш да веруваш?

Ноќ, сред страшна бура, Кес се враќа дома сама и сопругот ја замолува да не крати преку патот во шумата, бидејќи тој пат е опасен кога дивее страшна бура. Но и покрај тоа што му ветува дека нема, таа не сака да патува 40 минути, па пресекува низ шумата. Таму, на напуштениот рурален и морничав пат, здогледува застаната кола, а во неа седи жена, сама. Кес претпоставува дека жената чека некого, па си продолжува. Но утредента дознава дека жената подоцна била убиена и никако не може да се помири со тоа.

Таа се обидува да го исфрли ужасното злосторство од нејзината глава; што можеше да направи, реално? Тоа е опасен пат за жена, и тоа сред бура. Нејзиниот сопруг ќе збеснеше ако дознаеше дека го прекршила ветувањето. А веројатно и таа ќе беше повредена ако застанеше да ѝ помогне на жената. Но оттогаш упорно заборава некои работи: каде ја паркирала колата, дали се напила апче, кој е кодот за алармот, зошто нарачала бебешка количка кога нема бебе? Единственото нешто што не може да го заборави е таа жена, жената што можеби можеше да ја спаси и ужасната, неподнослива грижа на совест. И не може да разбере зошто упорно има чувство дека некој да набљудува тајно…

b.-a-paris

Б.А. Парис

Б.А. Парис има француско/ирско потекло. „Зад затворени врати“ е нејзината прва книга. Израсната во Англија, се сели во Франција каде работи како брокер во меѓународна банка, а подоцна со сопругот отвор...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил