На работ на светот

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307701

Година на издавање: 2021

Број на страници: 70

Димензии: 21 cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 150  ден. Regular Price 200  ден.  -50  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Соочувањето со светот на чиј раб стоиме во актуелниот миг е колективно искуство и поетесата не случајно го користи множинското ние во кое се огледува секое јас, отсутно и присутно, осамено и масовно, одродено и очовечено.

Тишината во песните е глаголива и во нејзиниот збор и дејство се случуваат и животот и смртта чии звуци сепнуваат и стаписуваат со сета своја егзистенцијалистичка мачнина и длабочина.

Но хуманистичката порака на оваа поезија e сепак јасна: не смееме да скокнеме од работ на светот во неговата бездна туку во нашето срце, и во него да ја побараме Божјата димензија на човечкото во нас.

Токму затоа, „На работ на светот“ е катарзична стихозбирка и за нас и за светот, и како сведоштво на големото искушение на човештвото што ни се случува и како негово надминување преку „пенкало и тетратка за толкување на значењата, преку Песна“.

Лидија Димковска

violeta-tancheva-zlateva

Виолета Танчева–Златева

Виолета Танчева-Златева – поетеса, раскажувач. Родена на 25 април 1968 г., во с. Бориево, Струмица. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Југословенска книжевност. Член е на Друш...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил