Никој и ништо во Париз и Лондон

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082308036

Година на издавање: 2021

Димензии: 125/195

Корица: softcover

На залиха
As low as 250  ден. Regular Price 300  ден.  -50  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Трпезата на богатите и сиромашните се разликува само според нивните приходи.

Орвеловата автобиографија, исповед и критика – маестрален портрет на сиромаштијата во општеството.

 

Класикот на критичката мисла отворено и без трошка самосожалување ги изнесува вистините за бедата што ја доживеал во Париз и Лондон. Двете епизоди се еднакво фасцинантни – париската по разоткривањето на заднината на отмените француски ресторани, и лондонската по начинот на кој е насликан животот на скитниците на самото дно на општеството.

Орвел ни нуди живописен приказ на двата града со отрезнувачки вистини за ужасната стварност –ужасна затоа што е сосема реална. Овој негов роман е веродостоен сведок и значаен социјален документ за сиромаштијата што го угнетува народот. Но тој истовремено прераснува и во беспоштедна критика кон општеството кое не презема ништо за нејзино решавање.

george-orwell

Џорџ Орвел

Џорџ Орвел (25 јуни 1903 – 21 јануари 1950) е псевдоним на британскиот писател Блер Ерик Артур, еден од најпочитуваните англиски есеисти и романсиери од 20 век, политички и културен коментатор, теме...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил