Обични и необични приказни

Издавач: ТЕМПЛУМ

ISBN: 15248

Година на издавање: 2011

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

„Обични и необични раскази“ е првата самостојна збирка раскази на Ѓорѓи Крстевски. Речиси целата книга е посветена на во последно време сè попопуларната форма – кус кус расказ. Во 66 куси куси раскази главна улога игра приказната, комбинирањето на нејзините елементи, создавањето напнатост меѓу ликовите, усложнувањето на заплетот и необичниот и често фантастичен расплет. Суптилно комбинирајќи ги раскажувачките придобивки на мајсторите на оваа форма, Крстевски создава текстови во кои одмерено се мешаат апсурдот и лиричноста, поетското и неискажливото во секојдневието.

Во расказите секогаш постои еден вид напнатост меѓу реалноста и обидот да се надминат нејзините ограничувања. Нараторот како посветен набљудувач го перципира светот околу себе, за од него да ги извади малите, делумно невидливи нерегуларности и апартности и од нив да ги создаде своите прози. Книгата е мошне компактна и во неа пулсира специфичен, затворен свет со свои правила и законитости.

gjorgji-krstevski

Ѓорѓи Крстевски

Ѓорѓи Крстевски (1981), завршил Руски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Преведува од руски, англиски, српски и хрватски јазик, а досега превел околу 25 книги. Авт...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил