Одбројување

Издавач: ИЛИ-ИЛИ

ISBN: 9786084770657

На залиха
As low as 254  ден. Regular Price 299  ден.  -45  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Токму во тој темен агол од собата каде што си постојав уште малку откако овие двете заминаа, ми се крена една огромна завеса, како простум да сонувам, и пред мене се појави цела сцена. На неа имаше полн декор, предмети испорасфрлани навидум безредно, кои беше тешко да се идентификуваат, наликуваа на темни партали во купишта оставени кај се нашле, а на средината на таквото необично окружување стоеше мојот маж замислен. Тој не ги гледаше парталите околу себе, но тие се кренаа, се движеа, веќе земаа и форми како сеништа кои кружеа околу него во поголем радиус, а тој сѐ уште не ги гледаше, не ги слушаше ниту кога се приближија сосем блиску до него, а испуштаа звуци на ветер и продолжуваа да кружат околу него сѐ додека едно по едно, а ги имаше повеќе од стотина, не влегоа во него и така исчезнуваа, во него, сѐ до последното кога тој седна омалаксан на празната сцена и заспа сосе многуте посетители во себе или, којзнае, можеби тие не спиеја.

frosina-parmakovska

Фросина Пармаковска

Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на тема „Варијации на м...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил