Отсечки стварност

Издавач: БЕГЕМОТ

ISBN: 9786084869191

На залиха
За само 150  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

„Отсечките стварност“ обично се случуваат среде секојдневието, кое на прв поглед се чини банално. Но, Здравески успева да ни ги укаже пукнатините во реалноста, кои претставуваат влез во непредвидливи, можеби и опасни лавиринти. Со тон што не е врескачки, туку сталожен, со проникливост и интуитивност, со смелост да се ѕирне и во мрачните ќошиња на човековиот дух, авторот создал еден вид медитации на подвижна лента, успевајќи во невозможното – да изваја мали парчиња смисла среде сеопштата врева на современоста од која никој не е поштеден. Притоа, микроскопскиот поглед врз светот служи како алатка за проникнување во длабоките тајни на човечката егзистенција. Но, не сите парчиња се натопени во истиот контемплативно-медитативен тон. Користејќи го хуморот, понекогаш на граница на црниот хумор, бизарноста, апсурдот, очудувањето преку врската со детството и детскиот поглед на светот, авторот создава текстови што се исто така епифанични, само што овој пат до епифанијата се доаѓа по сосема друг пат и на друг начин.

-Иван Шопов

gjoko-zdraveski

Ѓоко Здравески

Ѓоко Здравески е роден 1985 година во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Работел к...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил