Пеам јас и планината танцува

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307879

Година на издавање: 2021

Број на страници: 214

Димензии: 125/195

Корица: softcover

На залиха
As low as 300  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Пеам јас и планината танцува е ода за природата и за умешноста да се живее во согласност со неа. Преку гласот на авторката своите приказни ги раскажуваат не само луѓето туку и облаците и громовите, печурките, срните и мечките, планината, водите и самовилите... Како дете на планината, момчето Хилари ги опева тие чудесни стихии во своите песни. А кога случајно ќе биде убиен од својот пријател, продолжува да живее во сеќавањата, посетувајќи ја како дух сестра си Мија...

Приказните во овој чудесен роман се преплет од реалност и фикција за опстанокот во пазувите на исцелителната планина, за осаменоста и пријателствата, за војните и убивањата, но и за убавината и добрината. Раскошна нарација што ја продолжува традицијата на големите автори на каталонската литература, со силно изразен симболичен и поетски стил.

„Фантастичен роман, во секоја смисла на зборот. Силна поетска приказна во која трагедијата и искупувањето одат рака подрака.“ Кадена сер

„Блескава и возбудлива... Потврда за раскажувачкиот талент и лирската моќ. Сола ги спојува и ги оживува историјата и легендата, реалноста и литературата.“ Ла Вангардија

irene-solà

Ирене Сола

Ирене Сола е родена во Мала, во близина на Барселона, во 1990 година. Дипломирала ликовни уметности на Универзитетот во Барселона и магистрирала литература, филм и визуелна култура на Универзитетот ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил