Писма до пријателите

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-6094

Година на издавање: 2019

Димензии: 140/210

На залиха
As low as 300  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Кикерон Хоратиј Овидиј Сенека Плиниј Помладиот оставиле голем број писма до пријателите  кои содржат многу детали од нивниот живот и работа за нивните карактери за јавниот и политичкиот живот за местото и улогата што ги имале во бурниот Рим. Писмата се кратки состави и есеи во стих и проза вистински бисери на епистоларната книжевност  многу познат книжевен вид во римската традиција. Сите тие биле во активен однос со римското општество. Исклучително образовани создавале под влијание на филозофските школи актуелни во периодот и пишувале под влијание на општествено-историските настани испреплетени со нивните лични приказни кои се одвивале во тие најбурни времиња на римската цивилизација.

Изборот за овој превод е направен од убедување дека односите меѓу луѓето кои се одржуваат преку писма сами по себе се секогаш интригантни, дека не се само текст или порака. Tие се допир, израз на лицето, глас, сјај во очите, сведоштва на субјективно доживеани настани, на телесни и емотивни бури. Тешко е да се напише добро писмо кое има трајна и општа вредност, кое е одраз и израз на едно време и состојби во кои се живее и создава, или се тоне и пропаѓа.

 

--several-authors--

-- повеќе автори --

Повеќе автори...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил