Покорување

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2015

Димензии: 140/210

Нема на залиха

Краток опис

Во пролетта 2022 година Франсоа Оланд го завршува својот втор мандат. Тој е дискредитиран засрамен омразен и не успева да го спречи порастот на моќта на Муслиманското братство кое под раководство на харизматичниот Мохамед Бен Абес добива сѐ повеќе гласови.  Традиционалните партии на власт го прифаќаат ова „претставително лице на исламот“ и – работата е завршена... На жените им се забрануваат јавните функции што овозможува вработување на илјадници мажи и доаѓа до драматичен пад на невработеноста. Жените веќе не можат да носат фустан или здолниште на јавно место а професорите на факултет мора да се преобратат и тоа во рок од само неколку часа.

Франсоа, универзитетски професор и стручњак за славниот декадентен писател Уисманс, осаменик кој животот го поминува во сезонски љубовни врски со студентките, на почетокот е незаинтересиран за промените што се случуваат во неговата околина, но набрзо сфаќа дека светот во кој живее драстично ќе се промени. Додека низ Франција избиваат нереди, Франсоа се повлекува во внатрешноста на земјата и чека настаните да стивнат. Тоа патување се претвора во внатрешна одисеја до најмрачните агли на неговата душа, и сурово соочување со фактот дека неговиот живот повеќе нема никаква подлабока смисла.

Покорување предизвика поделеност кај критиката во однос на тоа како треба да се чита – како сатира, како критика на потрошената и компромитирана елита, како визија која може да стане реалност или како чиста провокација? Одговорот ќе го најдете сами помеѓу кориците на оваа книга.  

 

 

michel-houellebecq

Мишел Уелбек

Славен, оспоруван, фален и наградуван, Мишел Уелбек е француски писател роден во 1958 г., на островот Реунион како Мишел Томас. Син е на ски-инструктор и лекарка, кои за својот син, според зборовите...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил